Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

По неколку години застој, конечно почна реконструкцијата на прилепската чаршија

       По неколкугодишниот целосен застој во реконструктивните интервенции врз Плоштадот „Методија Андонов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       По неколкугодишниот целосен застој во реконструктивните интервенции врз Плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, во срцето на Старата прилепска чаршија, конечно неделава започнуваат градежните работи за санација на кракот пред Градскиот пазар. Според најавите од ЛС, оваа реконструкција треба да биде завршена за три месеци.

   „Од Споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“, во должина од 230 метри треба да се започне со рехабилитација и реконструкција на старата водоводна мрежа со нова, а површината со нов плочник ќе изнесува некаде околу 3.000 метри квадратни, за што се обезбедени средства од околу 25 милиони денари“, – рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

    Плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, денешниот современ лик го доби со проектот од 2013-та година, кој се реализираше во неколку фази се’ до 2015-та година, по што со промената на тогашната власт, до  ден –денес, не беше ништо интеревенирано, иако дуќанџиите од Старата чаршија постојано го бараат тоа, пред се’ заради се’ побројните оштетувања кои ги предизвикува времето.

Реклама

    „Јас колку што сум запознат, има изработено некој проект за реконструкција на Старава чаршија, меѓутоа веројатно можеби и заради финансиски причини, можеби и заради пандемијата, не се отпочна со таа реконструкција, но сепак јас би повикал барем да се санираат, еве овде имате една позиција пред мене кај што дневно по еден двајца се сопнуваат и паѓаат на плочките. Не велам ако се нема моќ дека треба да се изгради нешто ново, но барем да се санира она што е оштетено и опасно, може да дојди до повреди, до се“, – вели Кирил Трпчески, долгогодишен занаетчија. (6.04.2022 г.)

    Инаку, претходната локална власт ветуваше дека целосно ќе ја реконструира Старата прилепска чаршија. а условена од барањата и потребите на дуќанџиите, кои и без тоа мака мачат да ги одржат своите бизниси. Дури, за таа цел, од општинскиот Буџет беа издвоени 50 милиони денари, меѓутоа со проектот никогаш не се започна.

Каролина Дурло