Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Потенцијални 500 долари за само еден час: Битиќи на предлог на својот шеф Ковачевски стана дел од арбитрарно тело на Светската Банка

500 долари на час, 4.000 долари на ден, плус патни трошоци и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

500 долари на час, 4.000 долари на ден, плус патни трошоци и дневници. Оваа сума би ја заработил ако биде ангажиран како арбитер или советник во Светската Банка, во телото каде е влезен на предлог на својот шеф Димитар Ковачевски. Според она што е пропишано со меморандумот за такси и трошоци, ако Битиќи биде ангажиран за било каков процес, само за времето поминато во авион би добил 250 долари, а ако случајно и во авионот има обврски тоа би го наплатил двојно повеќе.

1.Членовите добиваат хонорар од 500 долари за секој час извршен работа во врска со постапката, вклучително и секој час поминат во учество на сослушувања, сесии и состаноци.

2.Кога се патува за сослушувања, сесии или состаноци подалеку од градот на живеење, членот добива по 250 долари за секој час поминат во патување, било по воздушен или копнен пат, до и од локацијата на сослушувањето, сесијата или состанокот. Секое барање за овие такси ќе се пресметува врз основа на времето поминато во транзит, како што е евидентиратно со соодветниот билет.

Реклама

3.Секоја работа изврешна за време на патувањето може да се наплати со 500 долари за час, наместо саатницата за патување од 250 долари, стои во документот.

Во ова тело има претставници од сите држави со кои соработува Светска Банка и кои се ангажираат по потреба доколку настане некаков спор.

Според прописите не треба да има политичари, што е Битиќи, кој покрај вицепремиер е и партиски заменик на Ковачевски во СДСМ. Според она што е пропишано членови на ова тело треба да бидат истакнати правници, адвокати или бизнисмени.

ICSID е независна, деполитизирана и ефективна институција за решавање спорови. Нејзината достапност до инвеститорите и државите помага да се промовираат меѓународните инвестиции преку обезбедување на увереност во процесот на решавање спорови, стои во декларацијата.

Инаку Битиќи последниов период како да стана дестна рака на Ковачевски и е името кое во јавноста се споменува како можен консензуален кандидат за претседател на државата од страна на ДУИ и СДСМ. Вицепремиерот се споменува и како можна опција за премиер во последните 100 дена од овој владин мандат, на предлог на партијата на Али Ахмети.

Матеја Петровски