Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Помалите коалициони партнери во Владата против Францускиот предлог

Помалите коалициски партнери во власта не го прифаќаат францускиот предлог и го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помалите коалициски партнери во власта не го прифаќаат францускиот предлог и го условуваат премиерот дека само со суштински корекции би дале зелено светло.

Демократски сојуз на Павле Трајанов инсистира преработка на преговарачката рамка и од неа да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија, дополнително бара и уставните промени да бидат решени реципрочно, Бугарите во Македонскиот устав а Македонските во Бугарскиот.

„Посебно нагласуваме дека не сме да се  прифаќаат разговори за Македонските ревулуционери кои се во кодот на секој Македонец, како што се Гоце Делчев, Јане Санданки, Дамјан Груев и други револуционери. Да се прекинат било какви дискусии за заедничко славење на Македонските национални празници, Илинден итн. Четврто, македонскиот идентитет и македонскиот јазик под никакви услови да не се оспоруваат и загрозуваат, а историските и образовните прашања, како и говорот на омраза и отворањето на досиејата за прогонувани лица од комунистичкиот режим, да биде на реципрочна основа. Во Преговарачката рамка, годишните прегледи, Акцискиот план и протоколите, не смее да се прифатат решенија кои и овозможуваат на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија“- рече Павле Трајанов.

Реклама

Доколку  Европската унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модициран Француски предлог, бара Демократскиот сојуз и апелира да се отвори широка  и транспарентна дебата во јавноста, да се соберат сите сугестии и предлози, па собранието да донесе заклучоци со консензус

На иста линија е и партијата на Морачанин, ДОМ. Од таму додаваат дека на историја и образованието не им е место во преговорите со Унијата, а таквиот процес никогаш не би завршил.

„Незамисливо е членка на ЕУ да негира јазик, бидејќи во основите на Унијата се вредностите на почитување на јазиците, националностите и сите вредности поврзани со човекот кои се нејзиното богатство. Наш предлог е Владата самата да не ја носи одлуката, туку тоа да му го препушти на Собранието на Македонија и пратениците да можат да дискутираат и да предложат заклучоци“, вели Морачанин.

Освен Демократски Сојзу и ДОМ, и ЛДП на Милевски инстистирале предлогот да се објави преведен на македонски јазик и да биде достапен за сите бидејќи како што велат не е лесно конкретни и многу специфични правни формулации да може секој да ги разбере на англиски јазик.

Викторија Миткова