Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Повеќе пари за пречистителни станици, водоводни  и канализациони системи, изградба на дистибутивни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе пари за пречистителни станици, водоводни  и канализациони системи, изградба на дистибутивни центри за земјоделски производи, реконструкција на факултети. Ребалансот на буџетот изгласан од пратениците со 64 гласа „за“ и ниту еден воздржан или против. Капиталните инвестиции од 750 милиони евра главен двигател на растот во 2026-та. Ќе има за 14,5% повеќе пари за инфраструктурни проекти. Забрзано ќе се гради автопатот Кичево – Охрид и трите делници на конзорциумот Бехтел и Енка. Наредниот месец стартува автопатот Скопје – Блаце, а се работи и на пругата Бељаковце-Крива Паланка. Министерката за финансии задоволна од тоа како се полни државната каса. Повеќе пари има од данок на личен доход, добивка, ДДВ, неданочни приходи и донации. Поради кризата  и воведените мерки, кај акцизите ќе има пад од 26 милиони евра.

Ребалансот е повеќе социјален, а помалку развоен, тврди опозицијата. Тие критикуваат и за порастот на дефицитот од 3,5 на 4,1%.

Пратениците од власта реплицираат дека голем дел од дефицитот е за враќање на стари долгови на СДСМ земени со повисоки камати. Поради нафтената криза, се очекува понизок економски раст од 3,8 на 3,5% и повисока инфлација од 2,5 на 4,5%. И покрај ова, тие велат дека Македонија останува земја со добри економски перформанси, најниски цени на горивата и стапка на инфлација.

Реклама

Димитриеска Кочоска се обврзува на домаќинско трошење на буџетските пари. Се намалуваат ставките за стоки и услуги. Дополнителни задолжувања од првично планираните ќе нема, а ќе се направат и напори јавниот долг да не надмине 60% од БДП.