Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Повеќе од скромно – речиси 60-тина собраниски седници и 500 точки останале незавршени во мандатот на Tалат Џафери

Речиси 60 седници останале незавршени во Собранието откако актуелниот спикер Талат Џафери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 60 седници останале незавршени во Собранието откако актуелниот спикер Талат Џафери седна на претседателското столче во законодавниот дом. Според извештаите за работа на Собранието од 2016 до 2023 година, се чини дека Џафери не си ја врши до крај работата за која е платен, односно финализирање на седниците, со затворање на сите точки.

Вкупната бројка на незавршени точки е без малку 500, што може да се толкува како не доволна ажурност и ангажираност на спикерот.

Пред неговото доаѓање на чело на собранието, од 2008 до 2016 во рок од 8 години незавршани останале само 12 седници и 20 точки што во споредба со сегашните бројки е за 100 пати помалку.

Реклама

2008-2011

146 седници вкупно

2 седници незавршени – со 5 точки незавршени

2011-2014

87 седници вкупно

3 седници незавршени – со 3 точки незавршени

2014-2016

125 седници вкупно

7 седници незавршени – со 12 точки незавршени

2016-2020

137 седници вкупно

23 седници незавршени – со 52 точки незавршени

2020-2023

125 седници вкупно

35 седници незавршени – со 427 точки незавршени

Иако незавршените седници и точки само се зголемуваат, според дел од познавачите Џафери, не само што заостанува во работата, туку и се почесто го крши Деловникот за работа. Последен пример е оној за гласање за уставните измени. Според поранешниот спикер Вељановски, уставните измени , онака како што е напишано во деловникот,  требаше да се најдат на дневен ред најдоцна до минатиот петок, но Џафери сепак реши дека точката ќе се нашла на маса пред пратениците кога ќе имало услови, односно 2/ 3 мнозинство.

Дека работата на Собранието не тече како што треба е доказ и последниот ивештај Мој пратеник каде е нотирано дека повеќето расправи се без целосна аргументација.  Во извештајот е забележно и непочитуваењто на пратениците меѓусебе. Кавгите во собранието се речиси секојдневна глетка, а оној кој треба да востостави ред се чини како да е дел од нив.