Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Минимално поспакува парното од први август. Причина, повисоката цена на гасот кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минимално поспакува парното од први август. Причина, повисоката цена на гасот кој трговците го доставиле до компаниите кои произведуваат топлинска енергија. Најголемиот дел од скопјани ќе плаќаат во просек повисока цена за 5.96 проценти. Според новите пресметки  за стан од 60 квадрати едно домаќинство ќе плати за 140 денари поскапа сметка за греење. Граѓаните кои живеат во Скопје Север, ќе имаат повисока цена од 3,65 проценти, додека пак оние што живеат во железара 5,18 насто. Разликата во цените е поради тоа што различни оператори доставуваат топлинска енергија. Според првиот човек на регулаторна комисија Ацо Ристов, при премсетките на парното е земена просечната цената на гасот плус инфлацијата по што ја направиле пресметката.

При формирањето на просечната цена на гасот, ние имаме методологија каде што се ппави опросечување на сите набавувачи коишто оперираат на пазарот на гас во Македонија. Ние имаме повеќе увозници и ние не се држиме ниту за најниската ниту за највисоката цена цена која што ја има напазарот туку се прави просек и спрема таа цена се дефинира она што ние го регулираме, рече Ацо Ристров, Претседател на РКЕ.

За во идина Скопјани да имаат поефтино парно греење, регулаторна ја поддржува идејата за спојување на сите компании кои се во сопственост на ЕСМ, а втор чекор е цената на парното да се пресметува врз основа на берзанската цена на гасот, а не на цената по која трговците ја продаваат.

Реклама

„Се размислува понатаму да направиме чекор , да се држиме до берзанските цени и веројатни следната година ќе разговараме иоколу тоа да направиме како нафтените деривати за да ги избегмене шпекулациите кој по која цена набавува гас во државата“, додаде Ристов.

Инаку, и по ова поскапување Скопјани ќе плаќаат најниска цена на парното во регионот. Во Блеград цената е повисока за дури 40 проценти, а во останатите градови за дваесет насто. Инаку, ова поскапување е под очекувањата поради најголемата енергетска криза.