Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Економија

Пакетот закони поврзани со „Бехтел и Енка“ ќе бидат гласани наеднаш, ден кога- не се знае

Коридорите „врват“ низ собраниските сали .  Извесно е дека  финалното гласање за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коридорите „врват“ низ собраниските сали .  Извесно е дека  финалното гласање за законите ќе биде кога сите пет ќе поминат на комисиска расправа. Пратениците и денеска истовремено на два фронта, додека комисијата за европски прашања стигна до законот за градење , последниот собраниски филтер го минува законот за урбанистичко планирање . 

Опозицијата предупредува дека со овој закон ќе се дозволи градење без урбанистички планови . Главните забелешки се за начинот на кој се носат законите, а власта го кажува истото оправдување , европското знаменце е за да се избегне блокада.

Ваквите непромислени постапки, едно е што се прави штета на домашнен терен, се нарушува законодавноправниот систем, второ е што се нарушува превземената обврска од Македонија преку спогодбата за стабилизација и асоцијација, порача Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ

Реклама

Повеќе од еден месец вашите колеги не ги свикаа тие комисии и се премина на друг начин кој што доволува Деловникот, рече Бајрам Кадриу – ДУИ

Препукувања меѓу власта и опозицијата во сличен тон, во исто време можеа да се слушнат во соседната сала од оваа расправа. Комисијата за европски прашања, втор и последен ден расправаше за  законот за градење , трет од пакетот. Иако опозицијата предупредува дека вака ќе може да  се гради без одобрение за градба , власта и тука со слични оправдувања – се е за побрза изградба.

Верувам дека сте го прочитале законот за утврдување на стратешкиот интерес . Такстативно се утврдува дека над 51 процент компанијата ќе зема од нашата земја, рече Беџет Реџепи – Заменик министер за транспорт и врски

Истиот тој закон за кој велите дека треба да прочитаме од него, вие денеска го менувате. Со ништо не може да ја покриете нетранспарентноста, рече Александар Велјановски од ВМРО – ДПМНЕ

Иако законските решенија ги следат бројни критики,  дебатата во Собранието досега покажува дека власта нема намера да прифати ни еден амандман и веројатно ќе ги протурка во првичната форма во која што стигнаа од Владата.

Кристина Алексиеска