Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Охриѓанец паднал во отворена шахта, но наместо оштета – судот пресудил да платаи 200.000 денари оти не гледал каде оди

Охриѓанец кој панал во шахта, затоа што не отворил очи каде оди,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охриѓанец кој панал во шахта, затоа што не отворил очи каде оди, треба да му искешира околку 200.000 денари штета на јавното претпријатие “Нискоградба” кое ја оставило шахтата отворена. Испокршен, охриѓанецот Илија Џепароски, кој се препнал на необезбедената шахта делумно натрупана со камења, објаснува како паднал со коленото од едната нога, пропаѓајќи во вдлабнатината од шахтата. Изреволитан бидејќи како што тврди, ова не било прв случај некој да падне во шахтата, Џепароски одлучил да го тужи јавното претријатие, барајќи оштета од 3 милиони денари. Но Охридскиот основен суд,го одби неговото тужбено барање како неосновано.

“Пресудата беше дека сум морал да гледам кај одам.И да биде поголем апсурд во пресудата Охрид што ја изгубив, се жалевме во Битола во пресудата пишува дека шахтата била обезбедена, значи ова е најголемата неправда. Ако беше затворена јас немаше да паднам  во шахтата.Значи шахтата беше од метро,во неа имаше фрлено камења,60-тина сантиметри беше отворена” вели Џепароски.

И сега тој не само што нема да види скршен денар, туку испаднал и кабаетлија што паднал,па според последниот налог на судскиот извршител соси камати и друго давачки треба да исплати сума од околу 200.000 денари. Ова се судски апсурди вели, човек може сам да се удави во кофа со вода, а не може да падне во необезбедена шахта.

Реклама

“Во Европа да се случи граѓанин да падне во отворена шахта или канал , дали тој ќе досуди или судиите во Европа ќе досудат за државата или за граѓанинот? И сега ја сум во таква ситуација што сега јас треба да плаќам оштета на претпријатието “Нискоградба” ! Значи шахтата беше отворена, во неа претходниот месец падна една стара жена, шахтата година дена си стоеше отворена.Судијата по брза и кратка постака не ги зеде нашите докази кои ги дадовме,не ги зеде камерите од надзор” додава Џепароски.

Факт е дека кај Џепароски имаше повреди, но не се докажа дека со истите се здобил при пад во шахта-вели предметниот судија.Џепароски вели дека ова нема да заврши вака и дека ќе продолжи институциолано да ја бара правдината.Побарал средба со министерот за правда, а ќе испрати допис до Републичкиот судски совет,па дури и до претседателот на државава.

Росица Голабоска