Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Со повеќе од 100 потписи, граѓаните бараат да продолжи хуманитарната акција за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со повеќе од 100 потписи, граѓаните бараат да продолжи хуманитарната акција за делење бесплатни топли оброци во Струга. Петицијата ја покрена угостителот Димитар Коцоски, откако Општина Струга му ја отстрани урбаната опрема од просторот каде што изминатите два месеца, трипати неделно, делеше бесплатни оброци.

Коцоски вели дека со отстранувањето на масите и столиците не е прекината само една угостителска активност, туку и хуманитарната помош од која зависеле десетици сиромашни, бездомници и социјално загрозени граѓани.

„Во изминатите месеци гледавме лица кои доаѓаа со достоинство, но и со голема мака, за да добијат топол оброк. Денес тие луѓе останаа без таа поддршка. Најтешко не беше отстранувањето на опремата. Најтешко беше да ги погледнам тие луѓе и да им кажам дека активноста за нив е завршена. Ова веќе не е прашање само за „Кочва маала“. Ова е прашање за еднаквоста пред законите и за довербата во институциите“, вели Димитар Коцоски, угостител.

Реклама

Според Коцоски, просторот во строгиот центар на Струга со години бил запуштен. Денес, вели, наместо симбол на негрижа, прерасна во место каде што секојдневно се покажуваше хуманоста на дело. Дневно се делеле од 20 до 60 топли оброци.

„Тоа место е општинско, тоа беше депонија, депонија од Безистенот, тука се фрлаше отпад. Ние имаме фрлено пет-шест камиони отпад. Го исчистивме, го поплочивме, направивме катче во кое уживаат стружани. И сите странци што доаѓаат мора да поминат тука за да го посетат местото. Сè до моментот додека, не знам дали е ова политички или не е, не се мешам во политика, меѓутоа гледаме дека правдата за некој важи, а за некој воопшто не важи“, вели Коцоски.

Од Општина Струга велат дека не станува збор за селективна акција, туку за спроведување нови правила за користење на јавните површини. Но, граѓаните кои ја потпишаа петицијата сметаат дека, доколку се ослободува јавен простор, тоа треба да важи подеднакво за сите, а не само за еден угостителски објект. Во спротивно, велат, наместо борба против узурпацијата, јавноста ќе биде сведок на уште една селективна акција со однапред познат исход.