Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Судир на студен и влажен бран од Север со топла воздушна маса…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судир на студен и влажен бран од Север со топла воздушна маса од Југ над екстремно загреано и суво тло – идеални услови за силна бура. Токму ова резултираше со екстремен ветер со брзина од над 100 километри на час.

Во вакви околности се создава моќен облак со карактеристичен изглед на карфиол, а водената пареа во него почнува да кондензира и се создаваат капки. Тие можат да задржат огромни количини на вода, па затоа врнежите се појавуваат во вид на густи завеси од дожд и град.

„Иако официјалната температура е 37-39 степени, температурата на тлото е повисока особено во градските подрачја, наидувањата на студен и воздух со многу влага предизвикува кондензација и развој на олујни облаци кои се пренесуваат со голема брзина“ – вели метеорологот Борис Секирарски.

Реклама

Метеоролозите објаснуваат дека ваквите екстремни временски феномени ќе стануваат почести поради климатските промени, врелиот појас од Северна Африка се почесто стигнува и над Јужна Европа односно Македонија.

„Имавме топлотни бранови, имавме и присуство на прав од Сахара кој придонесе за овие силни процеси, зголеменото количество на прав во воздухот е и подлога за создавање врнежи, повеќе топлотни бранови и високата температура на морето донесоа овие процеси да бидат уште посилни.“– вели Секирарски.

Во последниот бран најпогодени беа Повардарието и источните делови од Македонија, додека западниот регион и натаму се соочува со недостиг од врнежи. Вакви непогоди и порано биле забележани, но сепак ретки. Токму затоа, метеоролозите предупредуваат да не се потценува сериозноста на овие појави поради значајната брзина со која се развиваат. Апелираат до граѓаните и во наредниот период внимателно да ги следат временските предупредувања.