Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Односот на надлежните кон јавното здравство лесно може да предизвика негов целосен колапс

Ниски плати, лоши услови, се повеќе карти во еден правец –Јавното здравство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниски плати, лоши услови, се повеќе карти во еден правец –Јавното здравство тоне. Здравствените работници се се повеќе демотивирани, а најмногу од односот на државата кон здравството и кон нив, единствен излез гледаат само надвор од Македонија. Ветувањата за подобри услови и повисоки плати не им се исполнети, голем дел од договорците не добија нов договор, специјализантите на улица се борат за плата и придонеси, а од друга страна не се вложува ниту во инфраструктура ниту во апаратура- со ваков третман се бркаат здравствените работници од Македонија, а пациентите остануваат без потребните услуги.

Немаме континуитет, се сменија министри, се прават експерименти, ветувањата дека ќе има плата од 100 илјади денари , ќе бидат решени проблемите, нема ништо од тоа. Од друга страна здравството тоне, ќе дојде до затворање на здравствени установи немаме нови инфраструктирни објетки, апаратурата застарува, по мои проценки, за неколку месеци ако се продолжи со ова темпо ќе дојде до затворање на кабинети, вели Боби Бојчевски од независен синдикат на здравствени работници

Реклама

Недостиг на специјалисти има низ цела држава, па граѓаните се дури приморани да одат во блиските соседни држави за одредена услуга. Оние работници кои останале тука се заради љубов кон професијата оти платите кои ги земаат не само здравствените работници туку и административниот персонал не се доволни во однос на обемот на работата.

Луѓето остануваат тука од што ја сакаат работата, вели Бојчевски.

Третманот кон здравството во Македонија беше причина за низа протести од страна на здравствените работници речиси цела година, а во последниот период, речиси цел сектор се крена „на нозе“ .Проблеми имаше со исплатата на минималецот кој дел од работници го добија по стара формула, специјализантите добија само ветување дека „ ќе “ се разгледува нивниот проблем и ќе го продолжат штрајкот по изборите, а се поништија и распишаните конкурси за трајно вработување на договорците.