Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Одлуката на Уставен суд за Преспанскиот е очекувана, но колку е исправна?

Одлуката на Уставниот суд за отфрлање на петте иницијативи за Указот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуката на Уставниот суд за отфрлање на петте иницијативи за Указот и Законот за Преспанскиот одговор со кои државата го промени името ја разбранува правната фела. Правдањата на претседателката Кацарска според дел од правниците се провидни и очекувани. Токму точките кои таа ги нагласи дека се причина за да се отфрлат иницијативите се клучните работи зошто за истите мора да се отвори и конечно затвори темата.

Професорот Дејан Маролов вели дека одлуката на уставниот суд била очекувана, но сепак посочува тој , немало потреба да се навлегува и да се мери тежината на пратениците наспроти Претседателот, оти сите имаат своја улога, а воедно и во многу примери претседателот сам има освоено поголем број на гласови од некои партиите кои се на власт.

Претседатлот е должен да потпише ако по вторпат е изгласано во парламентот. Тоа е императивна норма. Сепак едно неправо не дава никому за право да постапи  неправно.Така постапката на Претседателот не му даваше право на Претседателот на Собрание тој да потпише наместо него, а токму тоа и се случи. Знаци целата постапка има голем број на недостатоци спротивни на Уставот и законите. Сето ова е причина плус за да Уставниот Суд расправа , а не причина минус, вели Дејан Маролов – универзитетски професор.

Реклама

Маролов не се согласува во целост со одлуката за отфрлање на иницијативите, вели работа на Уставниот суд е да пресече, а не врелиот компир да се префрла од еден на друг.

Се чини Уставен Суд влезе во барање “кој почна прв со прекршувањата” Конечно, самиот устав има предвидено постапка за одговорност на Претедателот на Републиката. Истата се отпочнува со 2/3 мнозинство гласови во Парламентот, а подоцна со исто такво мнозинство се одлучува за престанок на мандатот на Претседателот токму во Уставен суд . Тоа не беше направено во време на мандатот на пораншниот Претседателот. Оттука барање на негова одговорност постфестум ,односно во овој контекст не е ништо друго туку само барање причина и оправданија на вчерасната одлука на Уставен Суд, вели Дејан Маролов – универзитетски професор.

Конечно по пет години, иницијативите се најдоа на дневен ред на седница на Уставниот суд, сите седум судии едногласно изгласале нивно отфрлање, претседателката Кацарска кажа дека указот не содржел правни норми, не бил пропис туку  дел од процедурата, и уставните судии не можеле да го укинат посебно. Дискусијата што се водеше во Уставниот суд се однесувала во најголем дел за непотпишувањето од страна на тогашниот претседател на Македонија иако пратениците ја изгласале промената на името на државата.

Мери Симоновска