Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Обвинителството ги изведе доказите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кои се однесуваат на ДПИ

Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.  

Обвинителството ги изведе доказите кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а на следното рочиште, кое е на 6 јули, како што е најавено, ќе се изведуваат листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази на Обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица, и ќе следува изведување на докази од одбраната. 

Обвинителството, доказите продолжи да ги презентира само со читање на насловите како што се во листата на докази, како записници од претрес и потврда за привремено одземени предмети од МВР, дописи, известувања и записници од СВР Штип, известувања од Државен пазарен инспекторат, како и предмети од ДПИ за Класик ДМ и ММММ Кафе, налози за вршење инспекциски надзор и записници од извршени инспекциски надзори од ДПИ. 

Реклама

По изведување на доказите, одбраната изнесе низа забелешки, кои се однесуваа на делови од записници и извештаи од ДПИ, недостатоци на извештаи, лиценци и жалби и тоа кој и дали ги потпишал. 

Одбраната, меѓудругото, реагираше и дека Обвинителството извело материјали од претреси во други објекти и лиценци и документи кои се однесуваат за многу години пред настанот и дека ниту еден не се однесува на конкретниот кривично-правен настан. 

Обвинителката Наташа Сарамандова на ова одговори дека Дејан Јованов користел лиценца добиена во 2016 и во 2017, така што направил фалсификат, кој е пронајден при претрес, а  дополнително, дека со секоја лиценца тој најавувал промена на минимално техничките услови. 

– Тоа предизвикува обврска сите институции да направат проверка која е направената промена на минимално техничките услови на објектот – појасни Сарамандова. 

Денешното рочиште започна со задоцнување од два часа поради, како што информираше Судот, проблеми со наредбите за спровод на дел од обвинетите. 

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.