Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ново улично осветлување на повеќе локации во општина Илинден

Во рамки на иницијативата „Светла Општина Илинден“, Општина Илинден продолжува со модернизација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на иницијативата „Светла Општина Илинден“, Општина Илинден продолжува со модернизација на системот за јавно осветлување, при што во изминатиот период поставено е ново современо ЛЕД улично осветлување на повеќе локации со вкупна должина од околу 1.500 метри, информираат од локалната самоуправа.

Инсталирани се, како што велат, нови метални канделабри и енергетски ефикасни ЛЕД светилки на улица „32“ во населеното место Илинден, во должина од 450 метри, на патниот правец Бујковци – Мршевци во должина од 470 метри, на дел од улицата „500“ во должина од 120 метри. Дополнително, осветлени се потегот од Спортската сала „Гоце Делчев“ до СОСУ „Илинден“, улицата од плоштадот кон СОСУ „Илинден“, паркинг-просторот на училиштето, како и улицата и паркингот кај детската градинка, во должина од околу 450 метри.

-Со поставувањето на новото ЛЕД осветлување значително се подобрува видливоста и безбедноста на пешаците и сите учесници во сообраќајот, а истовремено се обезбедува поекономично, поефикасно и поодржливо функционирање на системот за јавно осветлување. Паралелно со поставувањето на нови линии, екипите на ЈКП „Илинден“ континуирано работат на докомплетирање на постојната мрежа за јавно осветлување со санација на оштетените светлосни места, при што се заменуваат дотраените светилки со нови, современи ЛЕД рефлектори, посочуваат од Општина Илинден.