Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Нова компостара во градинката Орце Николов

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ „Орце Николов“.

Како што соопшти Општина Карпош, на настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи дека создавањето одговорни навики кај најмладите се од исклучително значење за иднината на локалната заедница. При посетата, градоначалникот ја искористи можноста да ги посети дечињата во градинката, да поразговара со нив и да им посака безгрижно детство исполено со нови знаења и убави искуства.

– Донираниот компостер од типот K390-AL-KO ќе овозможи органскиот отпад што секојдневно се создава во градинката да биде соодветно селектиран и компостиран. Во процесот активно ќе бидат вклучени и децата кои преку практични активности ќе имаат можност да научат како органскиот отпад може да се претвори во природно ѓубриво – компост, кое понатаму ќе се користи за одржување на зелените површини во дворот на градинката – се наведува во соопштението. 

Реклама

Целта на овој проект е да ги научиме децата уште од најмала возраст на навики и практични знаења кои се во насока на поголема свест за паметно селектирање, одложување и искористување на отпадот, како и поголема грижа за животната средина и нашето опкружување.