Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Нова жетва на оризот, со старите проблеми

Почна жетвата на ориз во кочанско, ама пак со старите проблеми. И…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна жетвата на ориз во кочанско, ама пак со старите проблеми. И оваа есен земјоделците ќе ги жнеат полињата, без да спечалат нешто. Моменталната откупна цена од 22 до 25денари, не е доволна за да се покријат производствените трошоци.

„Како  што сметам, според мене, до 30 денари ни се трошоците на килограм оризова арпа и сега каде ќе ни биде крајот. Ги наполнивме со пари земјоделските аптеки и сега да го дадеме на откупувачите по 25 денари, ќе го фрлам оризот, ќе го прежалам, ќе го истурам во р.Брегалница, ама по таа цена не им го давам-изјави Тодор Ристов, оризопроизводител од Облешево.

„Како може државата да си ги покачува другите продукти, а ова да остане по иста цена„-изјави Здравко Донев, оризопроизводител од Спанчево.

Реклама

Годинава за околу 30 до 40% се зголемени трошоците за жетва. Првите полиња дадоа просечна реколта. Ова се должи на доцната сеидба, објаснуваат земјоделците.

„Имаше слана во месец септември и направена е штета на оризовите  површини„– изјави Стојче Ташовски, оризопроизводител од Облешево

За 11октомври оризопроизводителите најавија нови протести. Незадоволни се поради тоа што преговорите меѓу нив, министерството и откупувачите завршија без конкретни решенија.

„Разговаравме и преговаравме, но за жал, министерот и тие околу него, не сакаат да не слушнат, туку „топката“ ја префрлаат на откупувачите. Ние со откупувачите немаме што да збориме и тие беа на состанокот, но не се постигна никаква согласност„– изјави Здравко Арсов, Иницијативен одбор.

Последен пат земјоделците од кочанско протестираа минатиот месец. Тогаш за да се смират страстите и се стопират блокадите надлежните од ресорното министерство организираа неколку состаноци, а оризот доби утврдена производна цена во висина од 27денари, која за 2денари  е повисока од откупната цена. 

Александра Ристевска