Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Нова економска реалност: Одржливоста станува клуч за економскиот развој

Владата ја гледа својата улога како активен партнер на стопанството, чија задача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ја гледа својата улога како активен партнер на стопанството, чија задача е да обезбеди стабилна и предвидлива деловна средина, а не да ги кочи инвестициите, истакна премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека Светот се соочува со нови економски предизвици – војни, енергетска криза, инфлација и нарушени синџири на снабдување, порачувајќи дека одржливоста станала предуслов за раст и развој.

Обраќајќи се на форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, Мицкоски посочи дека напорно се работи за креирање на модел на економски развој, кој влева сигурност и е отпорен на кризи.

„Во последните години зборот одржливост стана еден од најчесто употребуваните поими во светската економија. Но, зад тој збор не стои само нов стандард или нова регулатива или нов административен процес, зад него стои суштинска промена по која функционира светот. Во таа насока одржливоста не ја гледаме како административна обврска што доаѓа однадвор туку како можност за развој. Ќе работиме на подобар пристап до финансии, намалување на административните процедури, подобрување на инфраструктурата, во еден момент ќе се градат шест делници на автопати“, вели премиерот.

Реклама

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, предупреди дека светската економија се одвива во услови на нова релност.

„Нарушените синџири на снабдување, климатските предизвици и новите регулаторни политики создаваат нова деловна реалност. Прашањето не е дали ќе имаме промени, дуку дали промените ќе ги претвориме во економска конкурентност“, додаде министерот.

Постојаниот претставник на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, истакна дека одржливоста не е само еколошка цел.

„Како да се остане конкурентен во економија што постојано се менува. Конкурентноста на европа се повеќе ќе зависи од нејзината способност да ја модернизира својата економија. Затоа одржливоста не е само еколошка цел“, вели евроамбасадорот.

Форумот го организираше канцеларијата на ОН во соработка со Стопанската комора и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.