Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Економија

Николоски: Очекувам годинава над 3,5 милиони патници на двата аеродрома, порано два милиона беше успех

Ако пред неколку години беше успех два милиони патници да стигнат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако пред неколку години беше успех два милиони патници да стигнат на аеродромите во Скопје и Охрид, минатата година бројот надмина три милиони на двата аеродрома. Очекувам оваа година бројот да биде над 3,5 милиони патници, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на седницата за пратенички прашања. 

Во одговор на прашање од пратеничката Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ, Николоски рече дека аеродормот во Скопје има најголем поединечен раст во Европа и е лидер во средна категорија на аеродроми, а се подобрува и позицијата на охридскиот аеродром во категоријата  мали туристички аеродроми. 

Николоски нагласи дека фокусот на Владата е на развој на инфраструктура што, рече, е директно поврзано со развојот на туризмот. Се зголемува и авиосообраќајот и бројот на авиолинии, има нова методологија за зголемување на број на патници. 

Реклама

Посочи на зголемениот број редовни авиолинии, како и чартери од двата аеродрома и дека тоа се одразува на 20 отсто раст на туризмот. Но, сериозен предизвик, рече Николоски, се сместувачките капацитети и дека се потребни многу повеќе легла. 

Николоски се осврна и на инфраструктурното поврзување на двата ародрома, при што кажа дека на скопскиот аеродром покрај со западната сега има и источно поврзување и аеродромот е од двете страни поврзан со автопат или експресен пат.

-Работиме на урбанистичко и идејно решение за железничко поврзување на аеродрмот, што ќе завршува пред терминалната зграда и ќе има олеснета комуникација со центарот на Скопје, додаде Николоски. 

Како што рече, за охриддскиот аеродром некогаш во весник пишуваше дека таму слетуваат само птици, а сега има 13 редовни дестинации и 8 чартери, бројот на патници расте. Се работи на целосна реконструкција на аеродромот и очекува во следните два-три месеци да заврши и да ги добие сите дозволи односно да бидат запазени безбедносните процедури за да се користи новата терминална зграда.