Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Нема кој да ги чита резултатите од современите апарати – Прилепската болница ќе го надоградува постоечкиот систем

    Во прилепската Болница и понатаму нема кој да ги чита снимките од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

    Во прилепската Болница и понатаму нема кој да ги чита снимките од десетината новонабавени, а добар дел и донирани пософистицирани дијагностички апарати, како што се: магнетната резонанца, томографот, дигиталниот рентген радиолошки апарат, колоноскопот, гастроскопот. Револтот на пациентите е голем, оти, како што велат, чекаат со денови, па и недели за да им биде поставена дијагнозата, со што се губело драгоцено време во лекувањето, а што неретко можело да биде и фатално.

  И од Болницата признаваат дека овој сериозен проблем – го имаат. Ама, во нивниот веќе препознатлив „ќе“ стил, уверуваат дека сега интензивно се работело на решението. Имено, по оглас за јавна набавка од февруари годинава,  ќе се надоградувал веќе интегрираниот информационен систем. Со ова надоградување на Лабораторискиот и Радиолошкиот информационен систем, а во кои ќе биле вградени и уште неколку нови апарати, ќе се овозможело резултатите од снимките на пациентите да бидат достапни на компјутерите на секој лекар во Болницата, но и во неколку други болници со кои прилепската веќе имала склучено, или допрва треба да склучи договори.

 „Можноста е докторите да читаат електронски. Не мора да доаѓаат во нашата болница, туку во секој момент, преку компјутер да можат да ги читаат резултатите. И затоа во тек сме со преговори со докторите од охридската болница, покрај оние што ги ангажираме од Битола и од Скопје, да можат да читаат дел од резултатите од компјутерска томографија за да не се доведуваме до таа ситуација да имаме натрупани резултатите кои што ги чекаме подолго време за да бидат достапни на пациентите“, – вели Кети Смилеска, директор на прилепската болница “Борка Талески“.

Реклама

   Засега, од Болницата не откриваат кога точно ќе профункционира овој надограден информационен систем, а од кој најголем бенефит ќе имаат пациентите, бидејќи нема да треба со недели да трчаат од доктор до доктор, патувајќи дури и во други градови за некој конечно да им ги прочита снимките и следствено на тоа, брзо да им се пропише и потребната терапија.     

Каролина Дурло