Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Над 100 случаи на повреди од електричен тротинет за само половина година

Скршеници на рацете, повреди на зглобовите, лицето и главата се само дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скршеници на рацете, повреди на зглобовите, лицето и главата се само дел од последиците по пад од тротинети. Само една секунда невнимание е доволна за да се случи несреќа. Посебно загрижува факотот што не се носи заштитна кацига,  но и неприлагодената брзина на условите на улиците. Нерамнините на коловозот, влажната подлога, наглото кочење или судир со друго возило значително го зголемуваат ризико то дпад. На Клиниката за трауматологија од Јануари до денес се пријавени 114 пациенти кои се здобиле со повреди при пад од тротинети или при сообрајќајки.

-Возрасната група е од 18 до 35 години а исто така имаме и малолетни лица коишто се паднати и најмалиот од 2025 година мислам дека  беше околу 4 годишен пациент што бил возен заедно со братчето и сестричето на електричен тротинет. Некаде околу 12 пациенти се со тешки телесни повреди кои што биле згрижени во нашите Клиники–истакна др. Игор Мерџановски од Клиниката за трауматологија

Од стотината пациенти 35 биле со потешки телесни повреди а останатите со лесни телесни повреди. На лицата со потешки и тешки повреди име потребно повеќе време за опоравување. Др. Мерџановски додава дека многу е важно да се носи заштитна опрема.

Реклама

– Ние први алармиравме до Минитсретвото за внатрешни работи да се преземат конкретнни мерки, затоа што беше доста голем бројот на малолетни лица кои што се повредени со електични тротинети, така да носењето заштитна опрема, ограничувањето на брзината на електричните тротинети исто така и возраста која што може да ги управува овие возила– истакна др. Игор Мерџановски од Клиниката за трауматологија

Ваквите бројки го вклучија алармот кај пратениците. Во собраниска процедура е закон со кој малолетни лица нема да смеат да управуваат електричен тротинет,  а брзината се ограничува на 20 километри на час. Целта е поголема безбедност и намалување на бројот на сообрајќајни незгоди.