Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Над 1.200 проекти низ општините – Кавадарци добива современ спортски комплекс

Патишта, училишта, градинки, водоводи и спортски објекти. Локалниот развој е во фокусот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патишта, училишта, градинки, водоводи и спортски објекти. Локалниот развој е во фокусот на Владата, а инвестициите се реализираат низ речиси сите општини.

Една од нив е Кавадарци. Низа нови капитални проекти го менуваат градот. Во Спортскиот центар „Јасмин“ започна доградба на современ спортски комплекс, каде веќе се поставени темелите на новата куглана. Проектот опфаќа и сала за гимнастика и сместувачки капацитети за спортисти, со инвестиција од околу 200.000 евра. Паралелно, градот ќе добие и картинг-зона, вредна околу 600.000 евра, што дополнително ќе ја збогати спортско-рекреативната понуда на градот. Локалната самоуправа најавува и нов отворен базен, фекален колектор и други инфраструктурни зафати, кои треба да го подобрат квалитетот на живот и да придонесат за побрз развој на Кавадарци.

„Кавадарци добива модерен картинг центар наменет за рекреативни возачи, љубители на автомобилизам и организирање на помали натпревари и спортски настани. Комплексот ќе се простира на површина од 2.700 квадратни метри и покрај современата картинг-патека, ќе содржи и пропратни објекти што ќе овозможат комплетно спортско и рекреативно доживување за посетителите – беше кажано во рамките на настанот. Со овој проект, како што беше истакнато, градот ќе добие нова спортско-рекреативна содржина што досега недостасуваше во регионот – место за адреналин, дружење и развој на мото-спортот. Инвестицијата е во висина од 35 247 407 денари“, изјави Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци

Реклама

Владата го става спортот во фокус – целта е Македонија да создава нови шампиони. Министерот Борко Ристовски вели дека со вложувања во спортот се градат услови за нови успеси.

„Ние денеска почнуваме со градби, за Македонија утре да може да создава шампиони на коишто сите ќе се радуваме, ќе нè направат горди и на крајот на денот, ќе се претворат во успешни луѓе коишто ќе ја претставуваат, ќе си ја сакаат својата татковина – нагласи Ристовски“, изјави Борко Ристовски, министер за спорт

Инаку, Кавадарци се позиционира како една од поактивните општини во земјава во делот на инвестиции, спорт и урбана модернизација. Од Владата велат дека не се гради само во овој град, туку дека во моментов се реализираат повеќе од 1.200 проекти на различни локации низ Македонија.