Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Младите си одат, работна сила се увезува, што прави државата?

„Дали Македонија создава високо-образована работна сила за државите од Европската Унија?“ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Дали Македонија создава високо-образована работна сила за државите од Европската Унија?“ – Ова беше главната дилема на денешната младинска дискусија. За младинските предизвици не се зборува доволно затоа нашите генерации си одат од Македонија, смета  студентската правобранителка при УКИМ.

Главната солуција според мене лежи во неактуелизирањето на младинскиоте политики кои што за голема жал во нашата земја се помалку застапени и не се доволно ниту дефинирани, ниту се главниот катализатор на младите луѓе и на останувањето тука. Јас се водам од личното убедување дека среќни можеме да бидеме секаде се додека имаме чувство на придонес, велиВикторија Апостоловска – Студентска правобранителка при УКИМ

Бленди Ходаи од форумот за образивни промени, вели дека подготвиле предог решенија за младинските проблеми и предизвици, кои ќе му ги достават на министерот за образование, Јетон Шаќири.

Реклама

Тоа што ние ќе го предложиме се радикални промени, образованието да стане приоритет на државата за наредните 20 години и било која партија да биде на власт да не ги менува политиките што ќе бидат согласни од сите засегнати страни од процесот, вели Бленди Ходаи – Форум за обрзовни промени.

Младите иако подготвени да му ги презентираат предизвиците и предлог решенија на министерот, безмалку 40 минути не беа сигурни дали тој воопшто ќе се појави. Кога конечно пристигна не даде јасни одговори на повеќе прашања. Меѓу најгорливите –  недостатокот на учебници. Шаќири пак нема јасен одговор, како во државниот буџет има пари за се и сешто, но не и за учебници.

Вие знаете дека и лани буџетските средства и за основно образование се обезбедија после ребаланс на буџетот , ние моментално имаме обезбедени буџетски средства за основното образование, за дел од средното образование, вели министерот за образование Јетон Шаќири.

Според податоците на државниот завод за статистика, Македонија се соочува со сериозен демографски прболем, бидејќи ако во 2002 24% од населението биле млади, сега бројот се има драстично намалено и изнесува 18%.

Никола Цветкоски