Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Цените на горивата конечно ќе се намалат следната недела, а Македонија ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените на горивата конечно ќе се намалат следната недела, а Македонија ќе остане меѓу државите со најниска инфлација во регионот. Премиерот Мицкоски вели дека лично направил анализа на цените. Задоволен е како се одржува ценовната стабилност на пазарите и нагласува дека во јуни годинава, инфлацијата од 3,4% била четирипати помала од онаа во јуни во 2022-та кога беснееше војната во Украина. Трошоците за живот помалку пораснале само во Албанија и Србија, додека другите држави се зад Македонија.

„Ако тогаш сме имале 14,7 проценти инфлација, сега е 3,4 проценти. Ако тогаш прехранбените производи биле над 15 проценти и биле главниот носител, сега тие се со 2,5 проценти. Јас очекувам дополнително стабилизирање во јули. Во 2022-та сме биле на осмото место според висината на инфлација, а сега сме на трето. Пред нас се благо Србија и Албанија, но зад нас се сите останати држави од регионот, од Турција, преку Бугарија, Романија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и така натаму“ –  рече Мицкоски.

Премиерот очекува и надолно нивелирање на цените на дизелот и бензините на стартот на август. И покрај постојаните промени неделава, нафтата од типот брент во моментов е за 10 долари по барел поевтина од крајот на тргувањето во петокот. Досега намлените акцизи и ДДВ го чинеа буџетот десетици милиони евра помалку.

Реклама

„Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за брентот се движеа  83, 84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од 87, 88,  но далеку под 100. Очекувам веќе в понеделник да имаме надолно нивелирање на цените на бензините и на дизелот. Важно е што како држава остануваме со најевтина цена на дизелот и на безоловниот бензин имајќи предвид дека ова се производи кои се купуваат на берза, односно сите држави ги купуваат од исто место. Нема тука голема мудрост во делот кој е поголем или помал претприемач или поголем или помал државник,  само што ние како Влада одлучуваме да се откажеме голем дел од она  што некои други држави не го направија, а тоа е акцизи, а се откажавме и од данокот на додадена вредност.  Остануваме со таа политика и во периодот што следи очекувам повторно надолно нивелирање на цените“ – изјави Мицкоски.

Владата има простор за интервенција со нови мерки, бидејќи кризната состојба важи до 20-ти октомври. Премиерот претходно најави дека следната недела ќе се анализира дали има потреба од намалување на ДДВ кај горивата. Изминатиов месец, цената на дизелот „скокна“ за 18, а на бензините за 9 денари по литар.