Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

Владата се подготвува за нови мерки за помош на граѓаните и стопанството,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата се подготвува за нови мерки за помош на граѓаните и стопанството, додека цените на нафтата галопирачки одат нагоре. Премиерот смирува дека будно се следи состојбата, откако по пропаднатиот мировен договор повторно ескалираше состојбата на Блискиот Исток. Цената на нафтата од типот брент, еден од параметрите според кој се пресметуваат цените на горивата во Македонија, опасно се приближува до 100 долари за барел, што е за 11 долари поскапо од затворањето на берзите минатиот петок. Една од опциите е повторно намалување на ДДВ кај горивата од 18 на 10%, мерка која беше укината во јуни.

„И тоа е една од опциите, тоа е можеби најмалку посакувана опција од аспект на тоа дека сите денеска зборуваат за расходите, а никој не зборува за приходите. Намалувањето на ДДВ-то би било директно на приходите, но нам ни е важен стандардот на граѓаните. Сакаме како Влада секогаш кога е тоа потребно на граѓаните да им излеземе во пресрет, така што една од опциите е и таа“ – рече премиерот Мицкоски.

Владата во понеделникот одлучи да ги намали акцизите за 1 денар по литар кај бензините и 2 денари по литар кај дизелот. По состанокот со трговците и дистрибутерите, се размислува и за нови мерки за стабилизирање на цените во маркетите и продавниците. Се уште не се знае дали тие ќе бидат таргетирани. Анализата на Државниот пазарен инспекторат утврди дека некои трговци си пресметувале повисоки маржи, односно дека и покрај тоа што имале пониски набавни цени, не ги поевтиниле крајните производи.

Реклама

„Како Влада донесовме мерка за намалување на дел од акцизите, за бензините и дизелот. За жал цената на берзите раст, денеска повторно се доближува до психолошката граница за 100 долари за барел. Воените дејства во Заливот се интензивираат, повторно очигледно не’ очекуваат предизвикувачки денови. Се разбира, како Влада ќе интервенираме со дополнителни мерки кои ги анализираме. Имаме основ, прогласивме кризна состојба на целата територија на државата. Веќе ги имаме сите правни механизми за да превземеме чекори“ – изјави премиерот.

Дизелот поскапе за вкупно 14 денари, а бензините за 5  и пол денари по литар во последните три недели. Кризна состојба во снабдувањето со нафтени еривати ќе има до 20-ти октомври, што е предуслов за воведување мерки. Дека претходниот сет мерки вродија со плод, потврдува и синдикалната кошничка која е речиси на исто ниво како и претходниот месец. Засега инфлацијата е под контрола. Таа се намали за 0,5 процентни поени во јуни споредено со мај и на годишно ниво изнесувала 3,4%.