Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство

После долго време во 2026 година имаме повеќе барања за поврат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После долго време во 2026 година имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од македонско државјанство, информира вечерва премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека не може да прецизира на што тоа се должи.

Тој нагласи дека економските перформанси на Македонија во последните две години се многу подобри отколку на некои од земјите-членки на Европската Унија и посочи дека верува во потенцијалот на македонските граѓани.

-Можам да кажам дека од почетокот на годинава за првпат после долго време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од македонско државјанство. Некаде околу 672 барања се за поврат во македонко државјанство, а некаде околу 318 се за отпис. Ова е прва година после не знам колку време тоа да се случи. Дали е случајно, дали е некој знак и дали тоа нешто значи не би можел да кажам, но верувам во македонскиоот народ и во македонските граѓани и верувам во потенцијалот. Јас сум универзитетски професор и знам каков потенцијал сум образувал, знам со каков потенцијал располагаме и тоа што исто така го знам е дека можеме многу повеќе и покрај тоа што има такви сили кои не сакаат оваа држава да успее и шират дефетизам, потенцира Мицкоски во интервју за една од националните телевизии.