Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Економија

Мицкоски: Не смее тие во Слупчане да се привилегирани, а останатите да ги плаќаат своите сметки

-Владата повторно е нефер и нечесна кон оние кои што си ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Владата повторно е нефер и нечесна кон оние кои што си ги завршуваат обврските и кон граѓаните и кон буџетот и кон Македонија односно сите оние кои што ги плаќаат редовно своите давачки кои што се лојални граѓани, сега ќе треба да плаќаат повеќе, а на сметка на тоа тоа оние кои што и досега не плаќале односно кои што се дел од сивата економија ќе продолжат и понатаму да не плаќаат, предупреди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во Вевчани одговарајќи на новинарско прашање поврзано со законот за солидарен закон.

Мицкоски во текот на своето обраќање направи споредба со случајот во Слупчане каде граѓаните бараат да не ги плаќаат заостанати сметки за струја и оние кои што направиле заработка со напорна работа и сега треба да плаќаат дополнителен данок.

-Замислете денеска што нас ни се случува. Цела влада,  последните неколку денови е вклучена во преговори со едно село во североисточна Македонија, конкретно зборувам за селото Слупчане да ги убеди граѓаните да ги плаќаат сметките за електрична енергија, нешто што по природата на нештата и по закон треба да го прават, значи ги убедува граѓаните на Слупчане да плаќаат сметки за електрична енергија. Еве да речеме овде во Вевчани имаме околу 2.500 жители, наплатата е повеќе од 98% на електрична енергија, претпоставувам таа е наплатата и на даноците. Е сега зошто овие луѓе овде позади мене во Вевчани треба да бидат граѓани од втор ред, а овие од Слупчане да бидат привилегирани. Дали и овие треба сега овдека да ги дигнат во воздух транформаторите на ЕВН или нешто друго да направат со што ќе треба да го привлечат вниманието. Дали треба тие тоа да го направат како што го прават нивните сограѓани во Слупчане? Секако дека не, не е тоа начинот, треба секој еден граѓанин да си ги исполни своите обврски кон државата согласно законите и согласно Уставот, рече Мицкоски.

Реклама

„Не смее да има привилигирани, не смее тие во Слупчане да се привилигирани,а  овие овдека во Вевчани и било каде во Македонија на други места да ги плаќаат своите сметки“, заклучи Мицкоски.