Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Економија

Министерството за финансии: Нови правила во финансискиот лизинг – поголема заштита на граѓаните, зголемена транспарентност и подобар надзор во согласност со европските стандарди

Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансискиот лизинг. Измените усвоени од Собранието претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамките на реформската агенда.

Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и работење на давателите на финансиски лизинг, корпоративното управување, механизмите за надзор, транспарентноста во работењето и заштитата на корисниците на финансиски лизинг.

Новите правила, велат од Министерството за финансии, носат појасни договори, можност за предвремена отплата без дополнителни трошоци, поголема контрола врз работењето на лизинг-компаниите и повисоки стандарди за заштита на корисниците.

Реклама

– Со цел зголемување на транспарентноста и заштитата на корисниците, со измените се прецизираат задолжителните елементи што треба да ги содржи секој договор за финансиски лизинг, вклучително и сите надоместоци поврзани со лизингот. Дополнително, се овозможува договорите за финансиски лизинг да се склучуваат и во електронска форма доколку се исполнети условите во согласност со прописите за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и прописите за спречување перење пари, заштита на лични податоци и други релевантни прописи – велат од Министерството за финансии.

Со измените се воведува можност корисникот на финансиски лизинг во секое време целосно или делумно да ги отплати преостанатите обврски во согласност со амортизацискиот план, без дополнителни трошоци. Со тоа се обезбедува и право на намалување на вкупните трошоци за преостанатиот период од договорот.

Дополнително, се зајакнува заштитата на корисниците преку прецизирање дека давателот на финансиски лизинг не може да го користи предметот на финансискиот лизинг како залог, без претходна писмена согласност од корисникот. Согласноста треба да биде дадена пред нотар, во посебен документ – изјава, одвоена од договорот за финансиски лизинг и општите услови, со јасно наведување на правните последици од таквата согласност.

Давателите на финансиски лизинг ќе имаат обврска да ги објавуваат годишните финансиски извештаи заедно со извештајот и мислењето на овластениот ревизор на своите интернет-страници. На овој начин, физичките и правните лица како корисници на лизинг ќе имаат можност за подобар увид во работењето на друштвата за лизинг пред воспоставување деловен однос.

Со измените се зајакнува и надзорот преку унапредување на прекршочните одредби, како и финансиската стабилност на давателите на финансиски лизинг преку зголемување на минималниот износ на основната главнина од 6.000.000 на 30.000.000 денари.

Во насока на зајакнување на интегритетот на субјектите што вршат финансиски лизинг, со измените се имплементираат и препораките на MONEYVAL-комитетот при Советот на Европа во областа на спречувањето перење пари и финансирањето тероризам. Се воведуваат критериуми за соодветност и репутација што треба да ги исполнуваат основачите и членовите на органите на управување на давателите на финансиски лизинг.