Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Министерството за животна средина се уште не знае што содржале 17-те тони опасен отпад што завршија во Дрисла 

За горењето на опасен отпад во Дрисла и издадената А-интегрирана еколошка дозвола…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За горењето на опасен отпад во Дрисла и издадената А-интегрирана еколошка дозвола без увид, Министерството за животна средина дознало од медиумите. Речиси 17 илјади килограми опасен отпад од правни субјекти биле третирани на несоодветен начин и кривично се загадувала животната средина и природата, а министерството за животна средина нема никакви информации за тоа. Што сė се горело во Дрисла и дали меѓу опасниот материјал се гореле и вакцините против ковид со поминат рок засега останува непознато, бидејќи  Министерството за животна не знае и чекаат Обвинителството да постапува по кривичната пријава од Финансиската полиција.

  • Информацијата и јас ја дознав од медиумите. Во нашето министерство се уште нема ништо пристигнато од обвинителството. Она што можам јас би сакала да го издвојам во буџетот предвидовме 2 милиони и 500 илјади денари, за набавка за софтвер за е-дозволи, за да можеме да го дигитализираме процесот на издавање на интегрираните дозволи и да ги избегнеме евентуалните или можни злоупотреби при издавањето на интегрираните дозволи. Во однос на ова што излезе во медиумите, јас се надевам дека органите ќе си постапат секој во своите надлежности, а Министерството за животна средина е тука да ги достави сите документи“ – рече Христина Оџаклиеска – Заменик министер за животна средина .  

Непознато останува и дали и уште колку вакви дозволи без увид се издале од Екологија. На виделина секојдневно излегуваат случаи со корумпирани службеници, а борбата против корупцијата е главна тема во говорите на власта, но речиси никогаш завршница нема а одговорност уште помалку.

Финансиска обелодени дека државен службеник од Екологија, кој за јавноста се уште е непознат, без да направи увид во инсталација и нејзината работа, лично изработил и одобрил А-интегрирана еколошка дозвола на депонијата Дрисла, иако тие немале соодветна опрема за уништување на одредени видови опасен отпад. Си ќарил и над 450 илјади денари, а сега ќе се гони и за загадување на животна средина и за злоупотреба на својата службена положба.

Реклама

Викторија Миткова