Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МЕРМС потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и Факултетот за информатички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за заеднички активности во областа на образованието, истражувањето и примената на современи технологии.

Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски.

Со Меморандумот за соработка се утврдува рамка за соработка меѓу Министерството и Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ во Битола, со цел искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности.

Реклама

-Развојот на една држава се базира на партнерство и соработка, кои се предуслов за успешно и просперитетно општество. Нашата држава има потенцијал, визија и капацитет да прерасне во регионален лидер за успешна енергетска транзиција, темелејќи се на институционалното поврзување со високообразовните и научните установи- истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на потпишувањето на Меморандумот за соработка.

Заеднички е констатирано дека енергетиката мора да ги следи најновите текови, посебно во областа на информатичките и комуникациските технологии. Во тој контекст, посебен акцент на средбата беше ставен на сајбер безбедноста и дитигализацијата, како и употребата на вештачката интелигенција и нејзина примена за унапредување на работата на институциите.

Денешното склучување на Меморандумот е дел од стратегијата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за институционално вмрежување, насочено кон обезбедување на сигурен, стабилен и модерен енергетски систем, усогласен со европските стандарди.