Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

МВР: Во невремето во Скопје оштетени 117 возила, 35 покриви, 7 семафори, „Вила Водно“

Невремето што ја зафати државава вчера попладне предизвика најголеми последици на подрачјето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невремето што ја зафати државава вчера попладне предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде синоќа до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи. 

Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство,  а на ГП Меѓународен аеродром Скопје, поради протекување на кровот имало  прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина. 

null

На подрачјата на СВР Куманово пријавени се 9 оштетени возила и 3 оштетени кровови, на СВР Тетово  3 оштетувања на патнички моторни возила и 2 оштетувања на кровови, на СВР Велес  две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја, додека на подрачјето  на СВР Струмица пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица. На подрачјето на СВР Штип регистрирани се 14 оштетувања на патнички возила и 6 оштетувања на кровни конструкции.

Реклама
null

– Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север, најзначајни последици се регистрирани на ГП Меѓународен аеродром Скопје, каде поради протекување на кровот беше предизвикан прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина. Во Транзитниот центар Табановце се регистрирани оштетувања на дел од привремените објекти за сместување на мигранти (шатори и помошни објекти), како и паднати дрвја без предизвикана материјална штета – се вели во информацијата од МВР.