Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Цигари  спакувале во палети со камена волна, и се обиделе да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цигари  спакувале во палети со камена волна, и се обиделе да ги внесат во Македонија. За среќа цариниците регистрирале и шверцерите не успеале. Се работи за 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, вредни околу 9 милиони денари.

Обидот за криумчарење бил спречен за време на контролата на товарно моторно возило кое сакало од Грција да ги однесе кон Србија. Според приложената документација, камионот превезувал градежен материјал, камена волна, но откако царинските службеници направиле детален преглед на возилото – ги пронашле необележаните 100 кутии со по 50 штеки цигари.

„Возачот на камионот, српски државјанин, е приведен, а против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поради основано сомнение за сторено кривично дело – криумчарење“, велат од Македонска царина.

Реклама

Ова е само една во низата успешни акции на Царинската управа. Во изминатиот период македонските цариници остварија рекордни заплени на македонските гранични премини. Пред неполни два месеци на Богородица беше спречен обид за нелегален пренос на половина милион евра, а беше откриена и златна плочка вредна 4,5 милиони денари сокриена во чевел на патник. Беше спречен и шверц на околу 10 килограми марихуана во Стар Дојран, скриена во пластични пакувања од еурокрем и павлака. Од почетокот на годината беа откриени и спречени голем број на обиди за шверц на непријавени девизи, медицински препарати, брендирана стока и друго.  Меѓу позначајните случаи се заплените на 150 илјади британски фунти на Меѓународниот аеродром Скопје, откривањето наркотични средства во поштенски пратки, како и акциите против лица инволвирани во криумчарење и продажба на непроверени медицински производи.