Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Македонија останува посветена на реформската агенда, и е подготвена да направи се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува посветена на реформската агенда, и е подготвена да направи се што ќе побара Европската Унија на тоа поле, но нема слепо да потпишува бели листови хартија како што тоа го правеше претходната влада. Премиерот Мицкоски ја префрли топката во Брисел – владата ќе ги направи реформите, ќе ја заврши домашната работа, па потоа да видиме дали Европската Унија ќе не цени само врз база на испорачаното.

Значи ние се ќе направиме што е поврзано со реформите, со нашата домашна задача и после оставаме на луѓето од Брисел, од ЕК да суди дали ние реално заслужуваме да бидеме дел од ЕУ, на база на испорака. Бидејќи секогаш мене ми велат кога одам на состаноци таму, дека ова е процес којшто се темели на заслуга. Односно колку испорачуваш толку добиваш. Еве ние ќе се обидеме да заслужиме преку испораката во реформите- потенцираше премиерот.

А токму реформите и до каде е владата со исполнувањето на агендата, беа тема и на работниот состанок меѓу владиниот тим и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На средбата, како што информираше премиерот, имало интензивни разговори за динамиката на европската интеграција и спроведувањето на клучните реформи. 

Реклама

– Разговаравме со луѓето од Брисел, од одделот за проширување, за реформската агенда до декември и за реформите коишто се тековни. Ние сме единствената земја во регионот која работи на реформите до декември – вели Мицкоски.

Претходно, Европската комисија испрати една од најпозитивните пораки за Македонија во последните години, оценувајќи дека земјата покажува сериозен напредок во спроведувањето на реформите поврзани со европскиот План за раст за Западен Балкан. Пред се во однос на реформската агенда, која е исполнета дури до 90 проценти. Единстевна точка која остана отворена е новиот изборен законик, кој не беше усвоен поради блокадата на опозициските СДСМ и Левица, кои се противеат на поедноставување на процедурата за гласање на иселениците.