Реклама

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Економија

Македонија е во криза па граѓаните и фирмите бараат спас во задолжување кај банките

Граѓаните и фирмите бараат спас од кризата во задолжување кај банките и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните и фирмите бараат спас од кризата во задолжување кај банките и покрај поскапите камати. Најновбиот извештај на Европската инвестициска банка детектира зголемено кредитирање, но и заострување на кредитните услови во Македонија, но и во регионот. Она што загрижува е што проекциите за наредната година е дека трендот ќе продолжи и ќе се зголеми, а условите нема да се подобрат. Извештајот на Европската инвестициска банка покажува дека во наредните шест месеци ќе се зголеми и бројот на нефункционални кредити, односно тоа се кредити кои не се отплаќаат редовно. Ваквиот сигнале е неповолен, па оттука и очекувањата на Европската инвестициска банка, во Македонија да нема дополнителни затегања на кредитната политика, туку да се направат напори за олеснување на условите за достапност до финансии.

Банките очекуваат севкупната побарувачка за кредити дополнително да се зголеми во текот на следните шест месеци, иако со поумерено темпо, со барањата за обртни средства на фирмите за покривање на потребите за ликвидност како главен двигател. Фиксните инвестиции и малопродажните сегменти, вклучително и за потрошувачки кредити и домување, се очекува да се намалат, стои во извештајот за земјите од регионот.

Извештајот покажува дека во Македонија најпогодени од заострувањето на кредитните стандарди беа малите и средните фирми, но негативен ефект почуствувале и големите копмании . Зa 2023 година се предвидува пад на БДП на 3 проценти и забавена економска активност, но дека ќе расте побарувачката за кредити. Во Македонија ќе има зголемена побарувачка на потрошувачките кредити и на хипотеките.
Според економистите во ЕИБ , анкетата е важна за да се предвиди економската активност на земјите .

Реклама

Кристина Алексиеска