Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Лефков: Целта на владината реконструкција е поефикасно функционирање на институциите

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, беше гостин на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, беше гостин на телевизија Алфа, и се осврна на темата за владината реконструкција, при што истакна дека градењето силни институции, наместо силни поединци, е целта на владината реконструкција, која треба да овозможи поефикасно функционирање на извршната власт преку оптимално распоредување на кадровските капацитети, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

,,Секому се наоѓа место,  за да може оптимално да ги изврши задачите за кои што и практично се избира, а тоа е да им служи на граѓаните. Според комесар за добро владеење, имаме рационализација на определени места. Едно кадровско разместување кое има само една цел, а таа цел е јасна и транспарентна, а тоа е поефикасно и поефективно раководење на извршната власт“, вели Лефков.

Лефков нагласи дека реконструкцијата е направена врз основа на анлиза, но и по разговори со коалиционите партнери, кои имаат свој глас во процесот на распределба на ресорите. Според него, за разлика од преходните реконструкции на влада во македонската политика, кои, како што рече, биле поврзани со скандали, политички неприлики или обиди за политички инженеринг, оваа реконструкција има поинаква цел.

Реклама

,,Ова е реконструкција која што доаѓа точно на две години од формирањето на Владата и праќа сигнал дека кадровски измени и решенија не се секогаш со политички инженеринг, не треба никогаш да бидат политички скандали и секогаш треба да бидат резултат на анализа за оптимално раководење со определени сектори и со целата една извршна власт. Ова можеби е првата реконструкција, која што не се базира на политички инженеринг и не е поради немајкаде или поради одредени скандали“ рече Лефков и додаде:

,,Нејзината цел е јасно, транспарентно објавена навремено и очекуваме да се воведе како пракса во политичкиот живот. Наместо силни поединци да градиме силни институции,  никој да не биде над институциите и секој да биде распореден на начин на кој што ќе може да даде оптимално од своите капацитети во рамки на служењето на државата“.