Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда

На телевизија Алфа гостуваше Миле Лефков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На телевизија Алфа гостуваше Миле Лефков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, кој на самиот почеток истакна дека Македонија успешно ја спроведува Реформската агенда, посочувајќи дека, според оценките на Европската Унија, се реализирани девет од десет предвидени точки, а земјата е оценета како најуспешна во нејзината имплементација, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Видовме и не само по наши изјави туку и по изјавите на Марта Кос дека девет од десет точки се остварени, Македонија е прогласена за најуспешна држава во спроведување на Реформската агенда и тоа е признаено со средствата коишто ги добива од Европската Унија за спроведување на оваа Реформска агенда, ние рековме дека Реформската агенда не се спроведува само заради средствата коишто се добиваат туку за усогласување со европското законодавство и подигање на стандардите, кога станува збор за управување со јавни финансии, за отчетност, реформи во судството“, рече Лефков.

Лефков посочи дека дел од опозициските партии ги менуваат своите ставови во однос на измените на Изборниот законик и се обидуваат да го попречат процесот и истакна дека предложениот модел на гласање веќе функционира во голем број земји членки на Европската Унија и ги обвини СДСM, ДУИ и Левица дека преку политички спинови се обидуваат да создадат отпор кон предложените решенија.

Реклама

„Гледаме од опозицијата и од СДСM и од Левица менување на нивните ставови и обид за блокирање, од 27 земји членки во Европската Унија, околу дваесеттина го имаат истиот систем на гласање, не станува збор за нешто коешто е непроверено, коешто не функционира во светот, апсолутно значи приклучок кон она коешто го работат современите демократи. Секој од овие опозициони партии ДУИ, СДСM, и Левица почнувајќи од свои сопствени стравови, играјќи за една мала нивна публика, се обидува да ја спинува темата околу Изборниот законик, и да наоѓа безброј различни начини како да го саботира овој процес“, дециден е Лефков.