Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Прилози

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Пипците на бугарската пропаганда во Македонија се шират. Под превезот дека се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пипците на бугарската пропаганда во Македонија се шират. Под превезот дека се македонски интернет портали кои се занимаваат со пренесување вести и информации, тие вршат тешка пропаганда во полза на бугарските антимакедонски политики. Во ова предничи веќе добро познатата „Фондација Македонија“ на Виктор Стојанов. Истражувањето на порталот 360 степени откри дека оваа фондација од позадина контролира најмалку шест интернет портали и фејзбук профили.

Најголем дел од содржините пласирани во оваа мрежа на портали и страници на социјалните медиуми се вообичаени, но дел се презентирани на начин што предизвикуваат жестоки дебати за односите меѓу Македонија и Бугарија, за односите меѓу Македонците и Албанците и слично.“, велат од порталот 360 степени.

Речиси 140 илјади профили ги следат овие страници само на Фејсбук. Сопствениците на овие страници не се јавно достапни, а преку нив се споделуваат вести од шест портали, од кои пет се регистрирани во Македонија. Станува збор за: Вестимак, Вестимк, 24мк, мк24 и утре.мк. Според досегашните податоци, порталите Вестимак и Вестимк се регистрирани на име Александар Смиљков, додека останатите три веб-страници се под името Асен Петровски.

Реклама

Преку анализата, 360 степени потсетуваат дека на 4 март годинава, Јавното обвинителство отвори предмет „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ за што е осомничен Виктор Стојанов. Од обвинителството изјавија дека постапката за официјалното утврдување на лицата кои стојат зад овие платформи е се уште во тек.