Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

„Куманово Гас“ ќе ја приклучи спортската сала, планирани нови приклучоци за институции и проширување на мрежата

ЈП „Куманово Гас“ годинава ќе продолжи со приклучување на нови корисници и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈП „Куманово Гас“ годинава ќе продолжи со приклучување на нови корисници и со проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа. До крајот на јули годинава, се очекува да биде реализиран приклучокот на спортската сала, а до почетокот на новата грејна сезона природен гас треба да добијат и Здравствениот дом, две основни училишта и објект на градинката „Ангел Шајче“. ЈП „Куманово Гас“ во текот на 2026 година ќе реализира повеќе проекти за приклучување на нови корисници информира директорот на претпријатието Марко Митровски на седницата за советнички прашања.

Тој посочи дека приклучокот за спортската сала треба да биде завршен до крајот на јули, откако ќе биде комплетирана постапката за добивање на одобрение за поставување опрема.

Како и претходните години, така и оваа година ЈП „Куманово Гас“ продолжува со нови проекти, нови приклучоци и ширење на дистрибутивната гасоводна мрежа. Еден од капиталните проекти е приклучокот на спортската сала. Проектната документација е завршена и е во фаза на одобрување, по што веднаш ќе започнеме со реализација и очекуваме проектот да биде завршен во текот на наредниот месец, рече Митровски. 

Реклама

Тој потсети дека минатата година пет општински и државни институции биле приклучени на системот за природен гас.Според него, преку проект што се реализира со УНОПС, до почетокот на новата грејна сезона нови корисници треба да станат Здравствениот дом Куманово, основните училишта „Наим Фрашери“ и „Вук Караџиќ“, како и објектот „Славејче“ од детската градинка „Ангел Шајче“. Претпријатието работи и на повеќе проекти за проширување на дистрибутивната мрежа. Во завршна фаза е проектот за изградба на мрежа на потегот од улиците „Сава Ковачевиќ“, „Браќа Филиповиќ“ до училиштето „Наим Фрашери“ и градинката „Славејче“, каде досега нема изградена гасоводна инфраструктура. Митровски најави дека нова мрежа ќе се гради и на улиците „Први Мај“ и „Ристовац“, каде, како што рече, повеќе физички лица изразиле интерес за приклучување. Предвидена е изградба на околу 330 метри гасоводна мрежа.

Во тек е и проектирање на нова мерно-регулациската станица во индустриската зона Бедиње на улицата „Индустриска“, а се работи проект за зоната Новини и Речица. Според Митровски, со реализацијата на овој проект ќе бидат искористени околу седум километри цевки кои претходно биле набавени од Општина Куманово и фабриката „ФЗЦ“. Проектната документација за изградба на дистрибутивна мрежа во индустриската зона Доброшане,  се изработува.

Надлежните оценуваа дека реализацијата на овие проекти ќе придонесе за зголемување на бројот на корисници и за финансиска стабилност на претпријатието, што ќе овозможи покривање на тековните трошоци и натамошно проширување на гасоводната мрежа.