Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

По Швајцарија, Хрватска и Романија кои издаваат долгорочни визи за македонските транспортери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Швајцарија, Хрватска и Романија кои издаваат долгорочни визи за македонските транспортери во ЕУ,  Владата е во финална фаза на преговорите и со Словенија, Австрија и Германија. На овој начин македонските возачи непречено ќе може да патуваат низ земјите во унијата, потврди Министерот за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот информира дека за македонските транспортери возењето низ Грција и Бугарија се смета како погранична зона и тие денови не влегуваат во деновите за престој во Европската Унија. Проблемот на транспортерите се создаде по новиот систем за електронска евиденција на влез – излез од Европската Унија. Иако првично, процесот на надминување на пречките започна како барање за регионално решение, македонската влада продолжи самостојно да се бори за правата на македонските возачи.

АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ

„Во однос на другите држави би замолил македонските транспортери, а за тоа сме доволно свесни им е јасно, да повторам да не потпаѓаат под туѓи пропаганди и да си ја гледаме нашата работа. Во моментов сум апсолутно задоволен како се одвива нашата работа и како се решваат проблемите за нас. А, што ќе прават другите, тоа е нивна работа и оставам на нив да ги кројат своите политики и своите стратегии“, изјави Николоски.

Реклама

Но, за побрз и полесен транспорт на стоките кои поминуваат во Македонија мора да се забрза и со коридорите кои поминуваат низ нашата земја. Автопатот на коридорот 10 одлично функционира, но според предвиденото течат и роковите за модернизација на железничката линија по овој коридор. Николоски потврди дека засега се оди според планираното, а финансиите за почеток на градбата би се одобриле до крајот на годинава.

„Значи до 31 август согласно договорениот рок се завршуваат сите студии и после влегуваме во процес на изработка на договорите за финансирање и изведба. Роковите остануваат исти. Така што кога ќе се приврши тој процес очекувам во тек на месец септември да тој процес се заврши. Ние согласно домашните закони треба да излеземе пред собранието затоа што секое финансирање оди пред Собрание и таму транспарентно и јавно ќе бидат презентирани сите услови“, додаде Вицепремиерот Николоски.  

Покрај изградбата на брзата пруга, која е дел од коридорот 10 засилено се работи на изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, како и на автопатот Кичево – Охрид. Според најавите за околу еден месец ќе започне и изградбата на автопатот кон Блаце, со што Македонија во целост ќе ја оправда улогата крстосница на најзначајните европски коридори.