Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Коњаницата „Патот на Црешовото топче“ тргна кон Крушево

Со благослов од Бигорскиот манастир, денеска коњаницата „Патот на Црешовото топче“ го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со благослов од Бигорскиот манастир, денеска коњаницата „Патот на Црешовото топче“ го продолжи патот  кон Крушево. Традиционално, во пресрет на големиот национален и црковен празник Илинден, денеска во Бигорската свештена обител повторно одекна коњскиот топот на родољубивата коњаница „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото топче“. 

 
-Продолжувајќи го повеќегодишното предание на благодарствено сеќавање на илинденските херои, триесетина коњаници пристигнаа во древното светилиште на свети Јован Крстител, од каде што, укрепени со молитва и благослов, го продолжија својот долг пат кон славното Крушево и Мечкин Камен. Оваа традиционална манифестација го чува споменот и на историското предание дека токму во Бигорскиот манастир монасите изработиле црешови топчиња за Илинденското востание, информираше Архимандрит Кирил. 

 
Коњаницата ја пречека и ја благослови архимандрит Доситеј. 
 
-Местата низ кои денес минува коњаницата не се само географски точки на патот, туку живи сведоштва за македонската историја – места на молитва, надеж, страдање и искушенија, натопени со крвта на оние што ги положиле своите животи за слободата на Татковината. Ве повикувам преку вашиот пример, да го пренесете аманетот на Илинденците до младите поколенија – да ја љубат и почитуваат државата, да не ја забораваат жртвата на предците и да се обединуваат околу она што е свето и заедничко за сите, рече во своето пригодно обраќање, отец Доситеј. 

Реклама

 
По примениот благослов, коњаниците тргнаа на својот повеќедневен пат, долг околу двесте километри, кој ќе ги одведе преку македонските планини и населби до Крушево. Таму, на Мечкин Камен, ќе им оддадат почит на хероите што ги положиле своите животи за слободата и достоинството на својот народ. 
 
Годинава во коњаничкиот марш учествуваат родољуби од Гостивар, Просениково, Ќанаклија, Пиперево, Василево, Радово, Муртино, Сарај, Ново Коњарево и Иловица, обединети од една заедничка мисла – достоинствено да им се поклонат на илинденските јунаци и да го продолжат патот на историското паметење. 

 
Годинашниот коњанички марш учесниците го посветуваат на македонското единство – на повикот македонскиот народ да се обедини околу она што му е најсвето и што им припаѓа на сите поколенија: Татковината. 
 
Водени од идеалот на илинденците и асномците за слободна, достоинствена и самостојна држава, коњаниците го продолжуваат нивниот пат и аманет, со порака дека љубовта кон Македонија не треба да биде предмет на поделби, туку заедничка света должност кон минатите и идните поколенија.