Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Кој има пари ќе живее, кој не, ќе се мачи како мене“ – потресно сведоштво на пациентка од Онкологија

Кој има пари ќе живее, кој не, ќе се мачи како мене.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кој има пари ќе живее, кој не, ќе се мачи како мене. Со свои очи гледав како пацинети им даваат торба со пари на доктори, додека јас чекав со часови за хемо-терапија – ова е дел од сведштвото на пацинетка која повеќе од една година се бори со најтешката болест и се уште се лекува на клиниката за Онкологија. Таа се сомнева и во терапиите кои ги прима, но верува и се надева дека ќе има одговорност за виновниците, кои учестувавле во преродажбата на онколошки лекови.

 “Кој си има пари, ќе си плати кој си нема ќе си оди како нас натаму, наваму.Ќе си плаќаме карти за превоз…и пензијата ќе ни оди за вакви работи.Значи жена од тука, оди таму на паркингот, зима и ја чека еден маж од колата вади кеса од кеса право во комбе…и чао пријатно” – вели пацинетка.

Скандалот за препродавање на скапи лекови на грбот на најтешко болните кој речисти месец и пол е во рацете на обвинителството, засега нема никаков исход. Онколошките пацинети со нетрпение чекаат да се открие вистината, и се надеваат дека овој случај нема да заврши како трагедијата со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Реклама

“Се надевам дека нема да заврши како што беше во претходните случаи.И дека нема да имаме жртвено јагне што ќе ја преземе цела одговрност.Ако народот се собереше и се држевме сите меѓусебе и бевме погласни…можеби ќе добиевме побрзо одговори” вели друга пацинетка.

Инаку, паралелно со истрагата на обвинителството поради сомневањата за криминално работење на онкологија во собранието беше формирана Анкетна комисија каде пред пратениците оваа недела ќе одговараат поранешните министри за здравство Сали и Филипче, актуелниот Меџити и екс директори на Клиниката.

Ања Лукарова