Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Ковачевски: Бинационална држава? Уште една небулоза на ВМРО-ДПМНЕ

Небулози и ширење страв, вака првиот човек на Владата, Ковачевски ги оцени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Небулози и ширење страв, вака првиот човек на Владата, Ковачевски ги оцени обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека работната група за уставни измени договара бинационална држава. Тој демантираше дека такво нешто се подготува, но сепак останува отворено прашањето како токму Ковачевски ќе се справи со партиите од албанскиот политички блок кој се погласно и поупорно бараат отстранување на формулацијата 20% од Уставот.

Тоа е уште една од низата небулози и замајување на јавноста од страна на опозицијата, истата таа опозиција зборуваше и дека во државата ќе има не знам колку милиони мигранти, дека државата ќе се кантонизира.. Ова е најновата во низата лаги, рече Димитар Ковачевски- претседател на Влада

Иако премиерот ги негираше инфомрациите кои ги спореди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, сепак останува да виси прашањето како Ковачевски ќе собере 80 пратеника во Собранието да гласаат ЗА внесување на Бугарите во Уставот, особено ако се знае дека БЕСА, а се поверојатно и Алијанса на албанците ќе условуваат глас ЗА уставни измени со глас ЗА отстанување на 20% од Уставот. Без опозицијата, и без овие партии од албанскиот корпус, премиерот не ќе може да го исполни тоа што го вети на Софија, односно бугарите да бидат дел од преамбулата на македонскиот Устав.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ пак бараат одговори, велат нека каже Ковачевски што и како разговарале со Груби и каква кампања требало да се подготви.

Ковачевски треба да одговори на јавноста дали Груби кажал, а тој прифатил Македонија да стане држава на два народи, односно бинационална држава? И дали за тоа требало да има посебна кампања во претстојниот период со која требало да се убеди јавноста, во таа идеја? Според нашите информации кои ги објавивме во Комисијата за подготовка на уставни амандмани, се разговарало Македонија да биде бинационална држава, односно држава на два народи, неколку етнички заедници и малцинства. Ваквиот план на власта е поразувачки, наместо Македонија да се бори против надворешните барања, се соочува со нови услови и од дома, вели Марија Митева – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ предупрадуваат Ковачевски да внимавал што ветува, без разлика на наградите кои ги добивал од ДУИ, оти како што велат само месеци не делат од изборите, и треба Ковачевски да знае дека по истите ќе следи одговорност.

Мери Симоновска