Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Климовски: Власта не треба да носи декларација за Илиндеснкото востание, туку да го чествува со почит

Декларацијата за илинденското востание утре ќе се најде пред пратениците. По речиси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Декларацијата за илинденското востание утре ќе се најде пред пратениците. По речиси еден месец откако власта ја најави, дури утре истата ќе биде предмет на расправа на народните избраници.

Дел од експертите, историчарите, но и јавноста сметаат дека оваа декларација не и е потребна на Македонија, особено бидејќи како што посочуваат не е добро напишана, во неа недстасуваат клучни работи, како и дека е задоцнета.

Универзитетскиот професор Саво Климовски за Алфа вели дека власта многу доцни со ваквите предлози кој според него се несоодветни, бидејќи како што вели тој, декаларацијата е изнесување на ставови, а македонскиот народ добро знае што е Илинденското востание, односно ноторна вистина и за тоа не треба Собранието да ни каже.

Реклама

Не можеме ние да носиме декларација сега. Декларацијата како акт е прокламирање на обични ставови, обични ставови за ноторни историски вистини се контра ставови, особено кога се носат во погрешно време. Владејачката структура ова време минатата година да донесеше сеопфатна програма за славење на целата година, за 120 годишнината од Илинденското востание, вели Климовски.

Климовски посочува дека ние сме немаме потреба од декларации, ноторен факт, за нашите граѓани, во нашата историска свест и секое доенсување на такви декларации значи дека ние се сомневаме во основниот чин, и мораме да го потврдуваме со декларации, вели тој.

Ако власта сакала навистина да ја истакне важноста на илинденското востание, професорот вели тие требаа да организираат трибини, да публикуваат научни трудови и да ја подигаат свеста на младите луѓе за да знаат кој им се предци, а не во Собрание да носат задоцнети мерки. Воедно вели Климовски, ако сакаа да го величаат празникот истиот требаше да биде и прославен како што треба, а не скормно и на несоодветна локација.

Ние Илинедн го прославивме сосема несоодветно, самата прослава беше несоодветна. Каде што вискиот функционер полагаше цвеќиња на Кале, што нема врска со анстаните на Крушево, вели Климовски.

И ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со оваа декларација, велат дека таа декларација била бедно напишана што е навреда за македонскиот народ и за македонската држава и во принцип кога поднесувате таква декларација треба да ја дадете на сите пратенички групи и тие да дадат свои сугестии.