Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Карбинци и годинава доделува еднократна помош за новороденчиња, првооделенци, средношколци и студенти

Еднократна парична помош и годинава ќе добијат новозапишаните првоодделенчиња, учениците кои ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еднократна парична помош и годинава ќе добијат новозапишаните првоодделенчиња, учениците кои ќе започнат прва година средно образование, студентите запишани на државните универзитети, како и семејствата со новороденчиња во општина Карбинци.

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешната прес-конференција рече дека за учениците и студентите поддршката изнесува по 5.000 денари, додека за новороденче се предвидени 10.000 денари. 

– Овие средства ги зголемивме од претходната година. Претходно беа во висина од 3.000 денари, а веќе планираме од следниот буџет оваа мерка да достигне до 8.000 денари по ученик и една исто така важна мерка до родителите кои што добиваат принова или новороденче имаат можност од општина Карбинци да добијат 10.000 денари еднократна помош. Ова го говорам во пресрет на месец септември, во коj што ќе започне учебната година, ќе започнат и оние трoшоци и затоа се важни овие мерки – изјави Паунов. 

Реклама

Покрај помошта за учениците и семејствата, од септември во Карбинци ќе стартува и нова мерка за субвенции за пелети за огрев. Од општината најавуваат дека со ова ќе им се помогне на граѓаните полесно да ги покријат трошоците за греење во претстојната сезона. Очекувањата се дека овие мерки ќе им помогнат на дел од семејствата полесно да се справат со трошоците од септември.