Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Набавка на нови системи, воена опрема и возила, нови договори со САД…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Набавка на нови системи, воена опрема и возила, нови договори со САД и одлични оценки од НАТО за македонските војници. Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата Сашко Лафчиски во отчетот за сработеното во изминатите две години, забележаа значителен раст и напредок во организираноста и модернизацијата на одбранбените сили. Во прв план е користењето на најновите технологии, ставајќи ја Македонија на исто рамниште со нејзините сојузници. За оваа цел направени се обемни нарачки.

„Во понеделник стигаат на пристаништето во Солун сите страјкери така што до крајот на месецот ќе имаме убава активност каде што ќе можеме да видиме да го заокружиме целиот овој процес на договорот со САД каде што тотал имаме договори околу 339 милиони евра. Од новите договори што се со САД, сакам да ве информирам дека потпишавме договори за набавка на лесно пешадиско вооружување. Набавка на беспилотни системи „Пума“ и „Равен““, изјави Владо Мисајловски, министер за одбрана

Реклама

Се разговара и со синдикатите за правење на нов колективен договор. Еден од главните фокуси ќе биде зголемување на платите на војската, а се бара и начин како војниците кои имаат над 45 години да останат во министерството како дел од армијата. Со поддршка на европскиот мировен фонд добиени се 40 милиони евра, набавени се над 7000 пара чизми, 8000 униформи и 1250 шлемови во соработка со Турција а македонската армија се подмладува. Лани таа добила 300 нови војници а годинава досега се пријавиле 1700 нови апликанти. Активните припадници на армијата се оценети според  највисоките НАТО стандарди.

„Најзначајна за нас беше вежбата „Блесок 26“ во чии рамки се реализираше оценувањето на нашиот врвен НАТО приоритет, лесната пешадиска баталјонска група стекнувањето со статус „mission capable“ или „борбено подготвена“ коешто е резултат на јасна стратегиска насока и напорна работа. Ова е успех којшто се темели на одржлив и систематски процес на планирање, подготовка, обука, опремување и модернизација на армијата реализирана во согласност со највисоките НАТО стандарди“, изјави Сашко Лафчиски, началник на Генералштабот армијата на Македонија

До крајот на годината треба да стигнат и двата хеликоптери од договорот со италијанската компанија „Леонардо“. Во градежниот дел издвоени се преку 12 милиони евра кои ќе одат за уредување и реновирање на армиските објекти како касарните во Штип, Прилеп, Куманово, главните згради на генералштабот и воениот хотел во Скопје. Буџетот на минситерството за одбрана, изнесува 4% од бруто домашниот производ,  а  заедничката цел на Алијансата, е сите членки до 2035 година да издвојуваат 5% за одбраната.