Реклама

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Прилози

Која ДУИ? Каква ДУИ? – За Абази не било неуспех што ниту еден случај за екс-функционерите на ДУИ не заврши со обвинение

Ништо не видел, ниту слушнал. Тоа што нема, не пресуда, туку ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ништо не видел, ниту слушнал. Тоа што нема, не пресуда, туку ниту едно обвинение против функционери од ДУИ не било неуспех на обвинителството за организиран криминал и корупција. Ислам Абази, шефот на ова обвинителство, кој патем беше сликан во опуштен атмосфера со братот на Ахмети, тврди дека не штител никого и дека кај него немало ниту една кривичина пријава за ДУИ.

  • „А која е таа кривична пријава против ДУИ? – Добро, општо оти така ви почна мандатот? – Која е таа кривична пријава, како што велите вие ДУИ која е стигната до обвинителството и конкретно не е процесуирана? И кој е тој што ја сум го заштитил? Не, општо ве прашувам – Еве и јас конкретно ви кажувам. – За Соравиа – И јас ви велам дека јавниот обвинител постапува. Побарана е меѓународна правна помош од сериозна држава“ одговори Ислам Абази – Главен обвинител на ОЈО за ГОКК.

Абази, чии четиригодишне мандат завршува во ноември годинава, не сака да ги коментира критиките против него, посебно тие за запирање на истрагата на еден од најголмиет случаи на коруција од времето на ДУИ – аферата „мазут„, за која постоеше сомнение за криминал до над 160 милиони евра. За ова беше на удар и од владата.

  • „Секој си има свое мислење по однос на некоја одлука, не треба секогаш да се сложуваме едни со други за нашите одлуки. Нашите одлуки подлежат на надзор и контрола на повисоките јавни обвинителства. Цело време ни вршат надзор.. “ рече Абази.

Тој се правда и за другите предмети, односно за они цели 84 проценти од предметите кои се заостанати во неговото обвинителство. Тврди дека други институции се виновни, а не обвинителите. За предметот „Соравиа“, во кој главна улога има внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Абази вели дека толку долго трае бидејќи се чекало на меѓународна правна помош. За шпиунската афера во Вила Водно, обвинителот имал нови барања за кои МВР дополнително собира информации. Единтично било и во предистрагата во предметот за „Бехтел и Енка“.

Реклама
  • „Од МВР се изготви извештај и одкако го проучи јавниот обвинител се отвори потреба да се дополни тој извештај и да се дадат други насоки, да се постапува по тоа. Чекаме одговор од МВР, и секако после тоа ќе видиме дали постојат услови за донесување на јавно обвинтиелска одлука или ќе има потреба да се преземе некое друго дејствие“ рече Абази.

Абази смета дека ја зголемил транспаретноста на обвинителството и сите прашања на јавноста преку новинарите биле одговорени. Тој пред Советот на јавните обвинители го презентираше годинишниот извештај заедно со него, извештајот го презентираше и Наташа Крстевска Цалева од скопското Вишо обвинителство.