Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Иницијатива за отворање Лекторат по македонски јазик во Анкара – Сиљановска Давкова на средба со македонската заедница во Туција

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамките на посетата на Турција, денеска во Амбасадата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамките на посетата на Турција, денеска во Амбасадата на Македонија во Анкара имаше средба со припадници на македонската заедница.

– Во пријателска атмосфера, во македонската амбасада во Анкара, имав чест да се сретнам со припадници на македонската заедница во Турција, придружени од Севим Оздемир, претседателка на Здружението „Иселениците од Румелија“, обајви претседателката Сиљановска на Фејсбук.

Меѓу присутните беа универзитетски професори, лекари, научници и истакнати професионалци, кои изградиле успешни кариери во Турција, но останале длабоко врзани за своите македонски корени.

Реклама

– Во нивните сведоштва се преплетуваат спомените за родниот крај, грижата за македонскиот јазик и одговорноста тоа богатство да им го пренесат на идните генерации. Иницијативата на проф. д-р Мелахат Парс, раководителка на Катедрата по македонски јазик при Анкарскиот универзитет, за целосно етаблирање на истата и отворање Лекторат по македонски јазик во Анкара ја препознав како природен и стратешки чекор. Во земја каде што живее бројна заедница со македонско потекло, лекторатот ќе биде простор за изучување, негување и афирмација на македонскиот јазик, напиша по средбата претседателката Сиљановска Давкова.

Шефицата на македонската држава утре и задутре во Анкара ќе учествува на 36. Самит на НАТО. Во македонската делагација што ја предови Сиљановска Давкова, се и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на Армијата.

Покрај учеството на самитот, предвидено е Сиљановска Давкова да има и повеќе билатерални средби.