Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Изграден нов резервоар за вода за пиење во Ростуше

Општина Маврово и Ростуше го заврши проектот за изградба на нов резервоар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше го заврши проектот за изградба на нов резервоар за вода за пиење во селото Ростуше, со што, според локалната самоуправа, е решен долгогодишен проблем со водоснабдувањето.

Од Општината информираат дека новиот резервоар е изграден согласно современите технички и хигиенски стандарди и ќе овозможи поголем капацитет, повисок притисок и постабилна дистрибуција на вода, особено во периодите кога потрошувачката е најголема.

-Со реализацијата на овој капитален проект значително се подобрува квалитетот и сигурноста во снабдувањето со вода за пиење за жителите на Ростуше- наведуваат од Општина Маврово и Ростуше.

Реклама

Локалната самоуправа посочува дека продолжува со реализација на капитални инфраструктурни проекти во сите населени места, со цел рамномерен локален развој и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Изградбата на резервоарот е финансирана со средства обезбедени преку вториот повик за проекти од унгарскиот кредит. Тогаш оваа општина доби четири проекти во вредност од 58.920.834 денари, од кои Владата финансира средства во висина од 41.861.205 денари а Општина Маврово и Ростуше ќе кофинансира средства во висина од 17.059.629 денари.