Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Иван Стоиљковиќ нов министер за локална самоуправа

– Досегашниот заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Досегашниот заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, е избран за нов министер за локална самоуправа на 112. собраниска седница, посветена на реконструкцијата на Владата. 

Стоилковиќ доаѓа на местото на досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински. Во периодот од 2024 до 2026 година ја извршуваше функцијата заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците.

Претходно, од 2002 до 2024 година беше пратеник во Собранието, каде што беше член на Уставната комисија, заменик-претседател на Законодавно-правната комисија, заменик-претседател на Комисијата за транспорт и врски, член на Комисијата за европски прашања, член на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија и член на Комисијата за одбрана и безбедност.

Реклама

Во периодот од 1992 до 2002 година бил основач и директор на приватно градежно претпријатие.

Стоилковиќ е дипломиран правник, со завршено образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Дополнително се усовршувал во областа на безбедноста и стратешките комуникации, при што во 2006 година завршил забрзана школа за безбедност во Центарот „George Marshall“ во Германија, а во 2005 година стекнал диплома во рамки на програмата на USAID за развој на стратешки комуникации во Вашингтон, САД.