Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Зошто Kовачевски одлучи сам да си шета по компании и дневни настани, без да биде отчетен пред медиумите?

Најтранспарентната влада досега, како што самата си се прогласи Владата на Ковачевски,…

Сподели:

Најтранспарентната влада досега, како што самата си се прогласи Владата на Ковачевски, во последно време се повеќе бега од камерите. Ковачевски почна со шетање по маркети и купување макарони пред камера, за на крај првиот човек од Илиндеска да почне да си организира настани без присуство на новинарите, а изјави да си дава само пред владината камера.

Последен пример е посетата на Ковачевски во скопски Карпош, новинари не викнаа, ниту камери, ниту фоторепортери, ама се сетија да пратат материјал од тоа што сами си снимале.

И по примерот на првиот човек во Владата, си тераат и министрите. За внтрешни работи Оливер Спасовски, како и неговата колешка минситерката за одбрана Славјанка Петровска организираат настани, покануваат новинарски екипи, но во поканите до медиумите нагласуваат дека новинарски прашања нема да има.   

Реклама

А не толку одамна во обид за публицитет премиерот пред камери си купуваше тостови со салама, но и одеше по маркети да види дали биле замрзнати цените, дури и кажуваше дека правел добри палачинки.

-Види Крешник, сега ќе земам брашно и јајца ќе видиш палачинки кој прави најдобро, кажа Димитар Ковачевски – претседател на Владата  (28.03.2023)

И додека Ковачевски неколку пати одеше со цел тим да купува намирници, граѓаните го начекуваа и потсетуваа дека ништо не е розово како што се обидува преку неговите пи-арски алатки да прикаже.  

-Со 12.000 ве молам кој може да преживее денеска, една револтирана жена го праша премиерот.

-Пензиите ние кога дојдовме како Влада, прва работа беше да ја зголемиме методологијата за зголемување на пензиите, кажа премиерот.

-Вака да ви кажам, цениве се до плафон, значи со два денари макарони и јајца денар на 99 денари, сега ги замрзнавте цените. Значи што е тоа поевтино? Значи стварно некако многу тежок дојде животот, па ниту лекарства може да купиме ниту…, кажа револтираната жена.

И додека народот врие, премиерот собира лајкови на социјалните мрежи, според последните информации од 14-ти октомври 2020-ра, кога била официјално отворена фан страната на Димитар Ковачевски на Фејсбук, за спонзорирани објави потрошени се без малку 50 000 евра. Оправдувањето беше дека тоа не биле народни пари, туку пари од матичната партија на премиерот.