Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реформи за почиста животна средина и европски стандарди

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите во областа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите во областа на животната средина, со фокус на подобрување на управувањето со отпад, зајакнување на транспарентноста, усогласување на националното законодавство со европските стандарди и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните – истакна на денешната прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бисерка Златеска.

Во рамки на Реформската агенда, презентирани се активностите што институциите ги спроведуваат за поедноставување на административните постапки и унапредување на услугите за граѓаните и деловната заедница. Извршена е анализа на вкупно 31 административна постапка, од кои 15 постапки ќе бидат поедноставени до крајот на 2026 година, за што веќе се подготвени конкретни мерки и планови за нивна имплементација.

Целта е  да  се обезбедат побрзи, поедноставни и поефикасни административни услуги, со што ќе се намали административниот товар за граѓаните и компаниите и ќе се подобри пристапот до јавните услуги.

Реклама

Веќе е испорачана значајна комунална опрема и механизација за општините во рамки на регионалниот систем за управување со отпад, а се подготвуваат тендерите за изградба на регионалните центри во Русино и Новаци и претоварните станици, а во напредна фаза е центарот во Свети Николе.

За поголема транспарентност, започната е подготовка на Дигитален регистар со јавно достапни податоци за индустриските емисии.

Домашната легислатива во овој сектор се усогласува со европските стандарди, преку Законот за климатска акција, како и новите закони за природа, животна средина и заштита на Белчишко и Студенчишко Блато.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со доследна реализација на реформите во областа на животната средина, инвестирајќи во одржливи решенија, модерна инфраструктура и законски реформи усогласени со европските стандарди. Со конкретни политики и мерки се создаваат услови за почиста и поздрава животна средина, поголема транспарентност и поквалитетни услуги, со што директно се подобрува квалитетот на животот на граѓаните и се обезбедува одржлив развој за идните генерации.